Бобан Бабунски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Бугарија.

На списокот кој го објави Бабунски има 18 фудбалери, 10-мина од нив се интернационалци, а осуммина настапуваат во домашните клубови.

Голмани: Ефремов Андреја (ФК Металург), Димитриевски Столе (ФК Кадиз)

Одбрана: Китановски Томе (ФК Пелистер), Драгарски Христијан (ФК Пелистер), Алиоски Езџјан (ФК Јанг Бојс), Ашковски Стефан (ФК Партизан), Ѓорѓиевски Бојан (ФК Шконто), Стојан Стојчевски (ФК Скопје)

Ред за врска: Мицевски Дарко (ФК Работнички), Јакупов Јакуп (ФК Грасхоперс), Жута Гентјан (ФК  Тун), Најдовски Филип (ФК Напредок), Блажевски Мартин (ФК Тетекс), Елдис Бајрами (ФК Рапид Виена)

Напаѓачи: Симоновски Марко (ФК Напредок), Филип Тимов (ФК Импулс), Христов Симеон (ФК Егри), Џурџевич Фахрудин (ФК Спартак Златибор)

Репрезентацијата на Македонија, играчи до 21 година, со Бугарија ќе игра на 14. ноември, во Благоевград, натпреварот ќе започне во 14 часот.