Младата селекција до 21 година, забележа сензационална победа од 1-0 во тест дуелот со Холандија. Селекторот Бабунски на мегдан со “лалињата“ отпатува без неколку стандардни фудбалери кои добија повик во А тимот.

Сите фудбалери кои настапија на пријателскиот дуел со Холандија играа храбро, покажаа карактер и го спроведоа сите тактички замисли. Ни недостасуваа стандардните првотимци, но одигравме крајно мотивирано и без респект кон големата Холандија. Ваквиот развој на играта и резултатите сакам и очекувам да продолжи и на натпреварот со Албанија, а потоа ни следуваат исклучителните важни дуели со Фарски Острови и Данска – истакна селекторот на У 21 за официјалниот сајт на ФФМ, Бабунски.

Во пресрет на пријателските натпревари на А тимот со Португалија и Ангола, позитивните резултати на селекцијата до 21 година треба да бидат мотив плус за добра престава на избраниците на Џон Тошак.

Мх.П.