Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери под 21 година, ја продолжи победничката низа, но и ја врати вербата во македонскиот национален состав. Тешко според очекувања на селекторот стигнавме до заслужениот триумф.
– Се случи токму тоа и што го предвидувавме. Ирците одлично ни парираа во првите 45 минути, не не изненади таквата игра, туку напротив барав да се игра стрпливо и да се чека вистинската шанса. Тие и статистички мечевите ги губат во последниот квартал од мечот – рече Бабунски, анализирајќи ги 90. минути против С.Ирска.
Измените по промашениот пенал, ја разбудија нашата игра, кога станавме поопанси за противничкоит гол.
– Со внесувањето на севежите Тимов и Бабунски, да дојде до израз нивниот технички квалитет. Оваа генерација е составена од исклучително талентирани фудбалери. Очекувам неколкумина да се прекомандоваат во првиот тим. Има уште неколку фудбалери кои ги следиме, како и неколку кои настапуваат во У19 селекцијата. Се уште сме во игра за место во баражот и нема да застанеме тука – потенцираше селекторот Бабунски.
Големите три бода, ги лансираа “црвено-жолтите“ на втората позиција со ист број бодови со Данска, а три помалку од Србија.
– Тежок меч, одигравме борбено и благодарение на тимскиот дух заслужено победивме. Имаме огромен потенцијал, се додека вака се држиме сплотени ќе победуваме – истакна стрелецот на единствениот погодок Урдинов.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...