Бабунски: “Време е да се фокусираме на постигнување резултати“
12.10.10 08:45
Наметнување на свој модел и стил на игра, доста трчање, подобрување на индивидуалните перформанси и следење на модерните фудбалски трендови. најави селекторот на фудбалската репрезетнација под 21 година Бобан Бабунски од Охрид во пресрет на наредниот квалификациски циклус.
За новиот квалификациски циклус Бабунски селектираше нови фудбалери, а голем дел од оние кои ги започнаа подготовките во Охрид беа стандардни во минатиот циклус. – Воиграноста ќе биде нашиот најголем адут, во минатиот циклус игравме натпревари со извонредно јаки репрезентации и навистина тоа беше огромно искуство. Затајувавме во клучните моменти во финализација на шансите, исто така и во одбраната примивме доста голови во последните моменит од мечот, падот на концентрацијата не чинеше скапо – вели Бабунски, кој смета дека прикажаните игри не кореспондираат со освоените бодови на табелата.
Постигнатиот успех на У19 репрезентација под водство на Бочески ќе биде дополнителен мотив за оваа генерација играчи да го повторат тој успех. Неколку фудбалери од таа селекција се дел од тимот на Бабунски кој смета дека оваа селекција е кадарна за успех. – Време е да се фокусираме на постигнување резултати. Имаме многу подобра состојба од таа кога ја наследив селекцијата, голем дел од играчите играат во странство, а оние пак што се во Македонија играат во своите клубови, што е огромна предност – истакна Бабунски.
Георгиев не е заборавен
Фудбалерот на германскиот вторлигаш Падерборн, Драган Георигиев не беше во составот за мечот со Албанија, но според зборовите на селекторот тој не е заборавен. – Георгиев е дел од оваа селекција, меѓутоа овој пат заедно со стручниот штаб се договоривме да ги селектираме овие 22 фудабалери. тој е во оваа геенерција има уште неколку фудбалери кои ќе ги придодадеме , но костурот во тимот е од овие фудбалери кои се тука– завршува Бабунски.
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора У-18 Првиот дуел e денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, д...
Екипата на Охрид претрпе висок пораз во натпреварот од 5-то коло од Супер лигата Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар убедливо славеше над Охрид 27:18, полувреме 14:6 Избраниците на ...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид,се одржа XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети, за ученици...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.