Репрезентативецот на Македонија до 21 година, Давид Бабунски ќе го напушти тимот на Црвена Ѕвезда, незадоволен од третманот, односно од малата минута која ја има на теренот. 


Бабунски во Белград пристигна како големо засилување од Б екипата на Барселона, но тренерот на „црвено белите“ не верува премногу во македонскиот репрезентативец.

По најавувањето за предвремен раскин на договорот во игра за потписот на Бабунски влегоа Јанг Бојс од Швајцарија и Бурсаспор од Турција.

На Бабунски неопходен му е клуб во кој ќе има стандардна минутажа, бидејќи после завршување на оваа сезона во јуни месец го очекува настап со младинските репрезентативци на Европското првенство Полска.

OhridNews