Убедлива победа на Баерн Минхен над Волфсбург од 5-0 со што се изедначи на врвот на табелата со Лајпциг кој го претрпе првиот пораз сезонава и тоа од Инголштад со 1-0. Во дербито на колото Келн и Дортмунд ремизираа играјќи 1-1. 

Серијата голови во Минхен ја отвори Робен, потоа два пати погоди Левандовски, по еднаш Мулер и Коста. Интересно за Мулер ова беше прв гол сезонава по скоро 1000 минути минати во игра.


___b5w0___ von arcturusmedia33