„Баварците“ без Арјен Робен, Френк Рибери и Чаби Алонсо во составот лесно се справија со Вердер во Бремен победувајќи го со 4-0 во 25-то коло од Бундес лигата.
Дилемата околу победникот фудбалерите на Баерн Минхен ја разрешија во првиот дел кога со головите на Томас Милер и Давид Алаба стекнаа водство 2-0.
Гостите од Минхен не само што го задржаа водството туку и го зголемија и ја забележаа 20-та победа сезонава во германскиот шампионат.
Резултати : Аугзбург – Мајнц 0-2, Вердер Бремен – Баерн Минхен 0-4, Ајнтрахт Франкфурт – Падерборон 4-0, Херта – Шалке 2-2, Хофенхајм – Хамбургер 2-0, Борусија Дортмунд – Келн 1-0.
Табела : Баерн Минхен 64, Волфзбург 50 (-1), Леверкузен 42, Менхенгладбах 41 (-1), Шалке 39, Аугзбург 38…
Мх.П.