Баерн Минхен со 3-1 го совлада Штудгарт на гостувањето и направи уште еден чекор поблизу кон одбрана на титулата. По речи си една година стрелец за Баерн беше Давид Алаба. Покрај австриецот голови дадоа уште Ниедермаер (автогол) и Даглас Коста. Стрелец на почесниот погодок за “шбавите“ беше Дидави.

Во трката за местата кои водат во Лигата на Шампиони, чекор назад направи Менхегладбах кој загуби на гостувањето кај Инголштад со 1-0. 

Резултати: Херта – Хановер 2-2, Вердер – Аугсбург 1-2, Франкфурт – Хофенхајм 0-2, Хамбургер – Дармштад 1-2, Инголштад – Менхенгладбах 1-0, Штутгарт – Баерн Минхен 1-3

ТАБЕЛА: Баерн Минхен 75 бода, Борусија Д.(-1) 67, Херта 49, Менхенгладбах 45, Баер Л.(-1) 45, Мајнц(-1) 44, Шалке(-1) 44, Волфсбург(-1) 38,…