Водечкиот тим во Бундес лигата, Баерн Минхен продолжи со стариот концепт своите редови да ги засилува со играчи од екипи кои се натпреваруваат во најсилниот германски шампионат. Десеттина дена пред и официјално да започне зимскиот преоден рок во светот на фудбалот „баварците“ го преставија Садро Вагнер кој го купија од тимот на Хофенхајм.
На официјалната презентација тој објасна зошто го избрал бројот 2 да стои на неговиот грб од дресот. – За жал 14-ката е зафатена иначе тој ми е омилен број. Од слободните броеви најмногу ми се допадна двојката, а има и една причина. Втор пат доаѓам овде и сега мислам дека ќе ми донесе среќа.
Баерн Минхен со офанзивниот фудбалер потпишаа договор на две и пол години со можност за продолжување за дополнителна една година. 30-годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Баерн Минхен сезонава има постигнато 4 гола, но вниманието го сврте со петте погодоци кои ги постигна за Германија во квалификациите за Мундијалот во Русија.
OhridNews












