Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен е пред ангажман на репрезентативецот Марко Ројс за кој трка водат неколку клубови во Европа.


Фудбалерот на Борусија Дортмунд ќе биде трет, кој од „Сигнал Идуна Парк“ ќе премине на „Алијанц Арената“ по Марио Геце и Роберт Левандовски.

„Баварците“ ќе ја искористат клаузулата на договорот од Ројс со „милионерите“ која изнесува 25 милиони евра.

Иако актуелниот германски првак се храни со фудбалери од Дортмунд сепак пред десетина години кога им требаше финансиска помош на „милионерите“ челниците на Баерн Минхен беа први кои им помогнаа.

Мх.П.