Германскиот првак Баерн Минхен се вклучи во борбата за потписот на Марко Ројс, кој ги брани боите на Борусија Дортмунд.
Членот на „милионерите“ изрази незадоволство од амбициите на тимот сезонава и веднаш скокнаа неколку екипи, а најкомплетен беше Ливерпул, кој достави и официјална понуда.
Но, „црвените“ можат да останат со празни раце бидејќи управата на „баварците“ не штеди милиони кога се во прашање германските ѕвезди.
Ако потпише Ројс со бундеслигашот го очекува макотрпна работа да обезбеди првото место во тимот, нешто што во Ливерпул би го имал одма по доаѓањето.
Мх.П.