Германскиот гигант Баерн Минхен започна да ги крои плановите за следната сезона кога на Алијанц Арената ќе пристигне новиот тренер Карло Анчелоти.
Прв на трансфер листата за сезоната која доаѓа е голгетерот на Баер Леверкузен, Хавиер Хернандез Чичарито кој се препороди по трансферот од Манчестер Јунајтед.
Чичарито во дресот на „фармацефтите“ сезонава има постигнато вкупно 21 погодок, а 13 од нив ги реализираше во Бундес лигата.
Мексиканскиот репрезентативец можеби ќе преставува замена за Роберт Левандовски кој најверојатно ќе замине во екипата на Реал Мадрид.
OhridNews











