Италијанскиот калчолигаш Наполи го освои третото место на Ауди купот во Минхен совладувајќи го домаќинот Баерн со 2-0 во натпреварот за бронзата.

„Баварците“ не наликуваат на себе во подготвителниот период и редат само порази, а „азурите“ со добра и квалитетна игра го искористија тоа и го победија германскиот шампион. Стрелци на головите за составот на Наполи беа Калиду Кулибали во 14-та и Емануел Џакерини во 55-та минута.

Во финалето на Ауди купот ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Ливерпул кои синоќа славеа против протагонистите во малото финале. 

OhridNews