Актуелниот германски првак Баерн Минхен одново остана без младата шпанска супер ѕвезда Тијаго Алкантара.

Тој само што се врати на терените од тешката повреда на коленото, ја обнови и ќе мора да паузира уште шест месеци.

Алкантара на „Алијанц Арената“ пристигна од Барселона по барање на сегашниот тренер на „баварците“ Пеп Гвардиола.

Сеуште шпанскиот репрезентативец во дресот на Баерн Минхен го нема покажано својот раскошен талент и зошто каталонците жалат за неговото продавање во германскиот гигант.

Мх.П.