Германскиот првак Баерн Минхен одново своите редови ги засили од лутиот ривал од Бундес лигата, Борусија Дортмунд.
За разлика од претходните сезони кога на Алијанц арената пристигнуваа Марио Геце и Роберт Левандовски сега „баварците“ засилија со клупскиот доктор Андреас Шлумбергер.
48-годишниот доктор од 1 јули ќе биде главен во германскиот гигант откако Пеп Гвардиола по поразот од Порто во Лигата на Шампиони ги избрка лекарите кои 40 години беа задолжени за рехабилитацијата на повредените фудбалери.
– Воодушевени сме од фактот дека за здравјето на нашите фудбалери ќе се грижи еден од најдобрите доктори Шлумбергер. Се работи за докажан стручњак кој треба да ни биде од голема помош за сезоната која доаѓа. – стои во соопштението од Баерн Минхен.
Поради повреди најважните натпревари минатата сезона ги пропуштија Арјен Робен, Френк Рибери, Давид Алаба, Хави Мартинез, а долго време со повредата се мечеше Тиаго Алкантара.
Ohridnews