Германскиот шампион Баерн Минхен не се откажува од намерите да го доведе Анхел ди Марија кој имаше „топло ладно“ прва сезона во дресот на Манчестер Јунајтед.
Аргентинецот е голема желба на шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола и германскиот весник Билд открива дека „баварците“ подготвуваат неверојатна понуда.
Во трансферот на Ди Марија на Алијанц Арената ќе бидат вклучени холандскиот репрезентативец Арјен Робен и германската „машина“ Томас Милер, а плус обештетување.
На оваа понуда тешко би оддолеал менаџерот на Луис ван Гал кој не криеше дека во своите редови го посакува Томас Милер, а пак Робен би играл на позицијата од аргентинскиот репрезентативец.
Ohridnews