Лидерот на табелата во Бундес лигата, Баерн Минхен е последниот четврти полуфиналист во Купот на Германија.
Во четвртфиналето „баварците“ по изведувањето на пеналите го елиминираа Баер Леверкузен (5-3) откако регуларниот дел и продолжението завршија без голови 0-0.
Мануел Нојер успеа да го скроти првиот пенал во серијата, а играчите пет пати ја погодија целта и се пласираа во полуфиналето.
Претходно пласман во 1/2 финалето обезбедија Волфзбург, Арминија и Борусија Дортмунд.
Мх.П.