Лидерот на табелата во Бундес лигата, Баерн Минхен со гол во финишот извлече реми (1-1) и се спаси од пораз во дербито со Херта во 21-та рунда од шампионатот.
Домаќините на Олимпискиот стадион во Берлин имаа водство од 21-та минута после голот на Ведад Ибишевиќ до 90-та кога Роберт Левандовски погоди за реми 1-1.
Со бодот освоен од дербито Баерн Минхен ја зголеми предноста од второпласираниот Лајпциг на осум бодови, но изненадувањето на сезоната има меч помалку.
Резултати: Борусија Дортмунд – Волфзбург 3-0, Ајнтрахт Франкфурт – Инголштад 0-2, Херта – Баерн Минхен 1-1, Хофенхајм – Дармштад 2-0, Мајнц – Вердер Бремен 0-2, Хамбургер – Фрајбург.
OhridNews