Германскиот шампион Баерн Минхен на првиот ден од летниот преодниот рок го официјализираше трансферот на Даглас Коста од Шахјтор Доњецк.


„Баварците“ за 24-годишниот бразилски репрезентативец на украинскиот тим ќе му исплатат 30 милиони евра како обезштетување за трансферот.

Со доведувањето на Даглас Коста шпанскиот стратег Пеп Гвардиола ќе има опција плус во нападот и замена за Арјен Робен и Френк Рибери кои сезонава што измина имаа проблеми со повредите.

Даглас Коста кариерата ја започна во Гремио, а во 2010 година се пресели во Шахјтор. За „кариоките“ офанзивниот фудбалер има девет настапи и има постигнато еден погодок.

Ohridnews