На шест натпревари до крајот “баварците“ ја осигураа 23-та титула во германската Бундес лига. До неа Баерн Минхен стигна на фуриозен начин, кој се поддржани со неверојатни факти.


– Баерн е најбрз шампион во Бундеслигата. Му беа потребни само 28 кола за да стане шампион, а досегашниот рекорд кои го држеа беше 30 првенствени мечеви (1972/73 и 2002/03)

– Баварците најбрзо ја осигураа и „есенската круна“, по само 14 меча. Досегашен рекорд беше 15 меча кој го држеа Ајнтрахт Франкфурт (1993/94), Кајзерслаутерн (1997/98) и Борусија  Дортмунд (2010/11).

– Баерн сезоната ја почна со осум победи во осум меча, со што постави нов рекорд. До тогаш рекордот од триумфи во седум меча по ред го држеше Баерн (1995/96, 2001/02) и Мајнц (2010/11).

– Баерн имаше сезонава на патот кон круната 11 победи во серија. Најголема серија на победи беше 10 на Волфсбург (2008/09) и Борусија Менхенгладбах (1986/87).

– Баварците веќе имаат 13 победи на гостувањата, две повеќе од досегашниот рекорд на Вердер (2003/04) и Борусија Дортмунд (2009/10). Шанса имаат овој рекорд да го поправат со оглед дека има уште шест кола до крајот, односно уште три гостувања. Плус Баерн веќе го израмни рекордот на „милионерите“ по број на победи во низа на гостувањата од осум триумфи од сезоната 2009/10.

Со oглед дека до крајот на првенството има уште шест кола, Баерн до средината на мај има шанса да ја направи рекордна сезоната во сите параметри, па така може да стане тим со најмногу победи во една сезона, му недостигаат седум бода за да стане рекордер по број на освоени бодови, да заврши како клуб со најдобра гол разлика (+66, сега има +64). Баерн може да стане и најефикасен тим во историјата (рекордот е 101 гол), но само ако напаѓачите се потрудат да ги торпедираат противниците во просек со 3,8 гола по меч до крајот на првенството.

Ако се потруди одбраната на Баерн да не прими осум гола до крајот, што е просeк од повеќе од еден по меч, Баварците ќе бидат и тим со најдобра одбрана во една сезона во историјата.

извор “Мкд.мк“