Најтрофејниот клуб во Бундес лигата, Баерн Минхен издаде строга наредба до интернационалците во екипата да го научат германскиот јазик.


Фудбалерот кој нема да говори германски јазик во соблекувалната ќе биде казнет или суспендиран, според пропозициите од клубот.

– Нема да дозволиме да има поделеност меѓу фудбалерите, особено не кога се работи за јазикот во соблекувалната. Јазикот кој ќе се говори во просториите од клубот ќе биде германскиот. Карло Анчелоти нека биде пример за сите кој за година дена успеа да го усоврши нашиот јазик. Со неучењето на јазикот играчите не покажуваат лојалност кон клубот и упатуваат знак дека не сеакаат долго да се задржат. – изјави претседателот Ули Хенес.

Во тимот од Алијанц арената вкупно има 13-ет фудбалери интернационалци, а повеќето од нив се неколку сезони во екипата.

„Баварците“ со пет титули во Лигата на Шампиони се германска гордост во Европа, а на домашно тло се неприкосновени со 26 пехари.

OhridNews