Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по отказот за Карло Анчелоти остана без шеф на стручниот штаб, а челниците на клубот за новиот тренер се консултирале со поранешниот Пеп Гвардиола.
Привремено тренерско решение е Вили Сањол, но тој е далеку од идеално решение за „баварците“ со оглед дека Французинот нема доволно искуство и прв ангажман во Баерн Минхен би бил преголем залак.
– На средбата со Гвардиола му го кажав предлогот за нов тренер. Тој е задоволен со нашиот избор. – изјави Ули Хенес за германските медиуми.
Токму низ нив се шпекулира со Луис Енрике или пак со Томаш Тухел кој минатата сезона го водеше тимот на Борусија Дортмунд. Во потесниот круг се споменуваше и Луис ван Гал, но најверојатно тој ќе отпадне.
OhridNews