Охриѓанецот Фатмир Бафто во последниот ден од зимскиот преоден рок го комплетираше трансферот од Охрид Лоте во второпласираниот тим од Југозападниот регион Кораб од Дебар.

Бафто во првиот дел од сезоната доби шанса на четири натпревари, по што се одлучи да ја промени клупската средина.


– Сакам континуирано да бранам и затоа се одлучив да ги сменам клупските бои, на моите поранешни соиграчи им посакувам успешен настап во лигата – рече Бафто, кој со Кораб ќе се обиде да избори влез во второлигашкото друштво.

Испразнетото голманско место во Охрид Лоте се очекува да го пополни кумановецот Слаѓан Краљевски.

М.П.