По едно неделната пауза поради настапите на аматерската репрезентација на Македонија, “бубамарата“ ќе се тркала по вторлигашките терени. Охрид Лоте во седмата рунда ја пречекува екипата на Локомотива која по досега одиграните шест рунди со девет освоени бодови се наоѓаат на седмото место.


Атмосферата во екипата е на највисоко ниво се чека неделниот натпревар. Екипата е комплетно фокусирана на мечот со Локомотива кој е мошне значаен за задржување на континуитот и одржување во врвот на табелата – вели голманот Бафто Фатмир.

Поради санацијата на теренот во Охрид, “градежниците“ домаќини на мечот со Локомотива ќе бидат во Велемеј. – Штета што нема нема да играме на “Билјанини“, но тоа ништо нема да смени во нашата филозофија која вели дека на секој натпреавар одиме на трите бода – вели Бафто.

Без разлика кој ќе истрча меѓу првите единаесетмина велат дека се подготвени да ја остварат целта.

М.П.