Рожер Федерер е првиот тенисер во светот кој ја проби магичната бројка од 20 освоени титули од четирите грен слем турнири. Швајцарецот до 20-от трофеј во кариерата стигна победувајќи го Марин Чилиќ во пет сетови во финалето на Австралија опен.

– Кога ќе дојдите до големото финале цело време размислувате како ќе тргне дуелот и кој ќе се радува на крајот. Ова за мене е права бајка, која започна минатата, а продолжуваа оваа година. – изјави Рожер Федерер и додаде околу дуелот со Марин Чилиќ во финалето. – Сакам да му се заблагодарам на Марин за фер и коректната игра и да му честитам за целиот турнир кој го имаше. Сакам да да му порачам на Марин да продолжи да работи и тренира и кога тогаш ќе дојде плодот.

Најновата титула е шеста вкупно за Федерер на австралискиот грен слем турнир и се изедначи по бројот на трофеи на вечната листа со Новак Ѓоковиќ и Рој Емерсон. Федерер осум од вкупните 20 титули има освоено на Вимболдон, на пет титули се има радувано на УС Опен, а еднаш го има покорено францускиот грен слем турнир, Ролан Гарос.

Рожер Федерер триумфираше на Австалија Опен

OhridNews