Фудбалерите на Милан врзаа две победи во Серија А, откако пред своите гледачи со 2-0 го совладаа составот на Лацио во петтата рунда од шампионатот.
„Росонерите“ третата победа сезонава ја обезбедија со головите на Карлос Бака во првиот односно Нијанг во вториот дел.
Со овој триумф Милан се искачи неколку позиции на табелата, но конкурентите имаат натпревар помалку кој ќе одиграа во текот на неделава.
OhridNews