Противникот на Шкендија во баражот за пласман во Лигата на Европа, Милан сигурно ќе добие нов напаѓач, откако Карлос Бака побара дозвола за трансфер.

Колумбиецот најверојатно ќе се врати во Шпанија и ќе го засили составот на Виљареал, која за сега единствено има испратено официјална понуда до Сан Сиро.

„Росонерите“ испразното место од Бака ќе го пополнат со Никола Калиниќ од тимот на Фиорентина.

Хрватскиот интернационалец долго се поврзува со тимот на Милан и најверојатно трансферот ќе се оствари. Милан на „виолетовите“ ќе им исплати 30 милиони евра за услугите на Хрватот.

Покрај Калиниќ желба на Милан за засилување на нападот се Радамел Фалкао и Пјер Омерик Обамејанг.

OhridNews