Младите се иднината на Македонија врз која треба да се потпреме. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нуди визија за создавање на општествени услови младите да ја градат својата иднина во Охрид и Македонија. Ова го истакна Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во 5УЕ на коалицијата предводено до ВМРО ДПМНЕ. Со проектот Обнова се обврзуваме на обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за период од 4 години и младите активно да учествуваат во донесувањето одлуки, рече таа.

Нашата цел се стимулативни мерки за вработување на младите и затоа во текот на четиригодишниот мандат обезбедуваме финансиска поддршка за вработување млади лица реализирана преку: Ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра; Шанса плус – компаниите кои ќе вработат ученици кои по завршувањето на средно стручно образование нема да продолжат со студиите, ќе добијат олеснувања и ослободувања за одреден период; Месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години кои се невработени подолго од 24 месеци, а се од семејства во социјален ризик; и Загарантирана работа на 500-те најдобри студенти од државните универзитети. Се обврзуваме на проектот 4 милиона евра за претприемачка иницијатива на млади за отворање на сопствен бизнис. – истакна Бакраческа.

Млади земјоделци ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка до 20.000 евра врз основа на приложен бизнис план, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на донесување Закон за младинска работа, додаде Бакраческа.

Младите мора да имаат активно учество во процесите кои ги засегаат. Затоа предлагаме проекти за зајакнување на претставувањето на младите на локално и централно ниво и тоа формирање на младински и ресурсни центри, како и поддршка за функционирање на локалните младински совети и национално собрание на млади. – рече Бакраческа.

Подобрувањето на професионалните вештини на младите ќе се одвива преку организирање обуки за дигитални вештини, кариерно советување и уште многу различни обуки за личниот развој. Агенцијата за млади и спорт ќе овозможи функционирање на електронска платформа за млади, која ќе ги содржи сите информации во врска со кариерен и образовен развој на младите, додаде таа.

OhridNews