Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод трагедијата што се случи за новогодишната вечер, при што животот го загуби дваесет и шест годишен охриѓанец, изрази длабоко сочуство за изгубениот млад живот.Бакрачески со загриженост порача дека нечовечки е да се злоупотребуваат трагедиите за политички цели и апелира до граѓаните за воздржаност , почит кон починатиот и верба дека инситуциите на системот, врз основа на законските прописи, ќе ги казнат сторителите на овој грозоморен чин.
-По повод оваа голема трагедија која го снајде пред се семејтвото, но и градот Охрид, апелирам до сите чинители , посебно до оние кои се активни на социјалните мрежи , да се воздржат од злоупотреби на оваа трагедија во политички цели и да се остави семејството и најблиските роднини и пријатели кои преживуваат трагедија и ненадминлива болка за загубата, во мир да тагуваат. Би аплеирал до сите кои можат да придонесат во информирањето на јавноста да не избрзуваат со коментари. Нашата традиција вели дека треба да се сочувствува со болката на семејството , а не да се стимулираат коментари кои се вадат од контекст и кои имаат цел да се креира друга конотација, да се добиваат политички поени и да се извртуваат нештата- рече градоначалникот Бакрачески.
Тој додаде дека сторителите на ова свирепо убиство ќе бидат казнети и дека е во постојана комуникација со СВР од каде што е информиран дека се преземаат сите потребни мерки да се подобри безбедноста на јавните места, локалите и сообраќајниците.
– Со началникот на СВР Охрид се договоривме да одржиме координативен состанок за сите мекри кои и во иднина ќе се преземат за да се подобри безбедносната состојба,рече Бакрачески.Тој додаде дека продолжува востановената пракса од пред 2,5 години во континуитет да се одржуваат редовни состаноци кои имаат за цел да се подобри безбедносната ситуација, да се отстранат евентуалните слабости,да се унапреди безбедносната состојба во Охрид.
OhridNews