Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, додели 47 договори за стипендии на талентирани ученици од основните и средни училишта од Охрид и редовни студенти кои своето образование го стекнуваат на државните универзитети во земјава.

Им посакувам понатамошен успех, а ние како локална самоуправа и во иднина ќе ги следиме нивните успеси, таленти во одредени области. Како одговорна самоуправа ќе дадеме поддршка на нивниот развој , во интерес на издигнување на општите вредности на заедницата, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Стипендијата за учениците изнесува  1500 денари за период од девет месеци, додека пак стипендијата за студентите е во висина од 2000 денари.

Конкурсите за доделување на стипендии беа објавени во ноември. Критериумите и постапката за доделување беа утврдени со правилник  изготвен од одделението за образование при секторот за јавни дејности. Меѓу критериумите беа : остварениот одличен  успех во текот на школувањето, талентираноста, како и материјалните можности на ученикот и неговото семејство.

Т.К.