Денеска имавме можност да се запознаеме со основните принципи на работа на НУ „Завод и Музеј“ во делот на адекватното урабанизирање на градот. Имавме можност да се запознаеме со начинот на кој се изработени тие заштитно конзерваторски основи, како една појдовна основа за одобрување на нацрт плановите и понатака детални урбанистички планови. Тие во иднина ќе бидат наша грижа со цел да не ги направиме истите грешки кои во минатото беа правени заради кое адекватната урбанизација на градот беше попречувана.“ – рече новиот градоначалник на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески, при денешната посета на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“ – Охрид.

Бакрачески истакна дека е запознаен со проблемите од минатото при урбанизацијата на градот поради, како што рече, непочитување на мислењето на НУ „Завод и музеј“.

Ве уверувам дека во иднина ваквите грешки нема да се повторат и мислењата на оваа национална установа и тоа како мора строго да се почитуваат се со цел да го заштитиме културното богатство на Охрид и да изработиме квалитетни урбанистички решенија и во иднина. Во секој случај, една од целите беше да поразговараме околу тие два детални урабанистички планови, да претрпат измени согласно со Законот за Охрид и и Законот за заштита на културното наследство. Ние се трудиме и понатаму да го задржиме приматот град на УНЕСКО.“ – додаде Бакрачески.

Директорката на НУ „Завод и музеј“ – Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, истакна дека градоначалникот е запознаен со начинот на изработка на заштитно конзерваторските основи, кои претставуваат главна смерница во натамошната урбанизација на градот.

Ми претставува особена чест што градоначаникот е расположен да ги почитува нашите заштитно конзерваторски основи, кои навистина претставуваат  еден голем труд, една анализа на секој еден простор што се урбанизира и се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на градот. Како главен приоритет кој што ќе треба општина Охрид да го изработи, ќе мора да се направи тој нов детален урбанистички план за старото градско јадро, за да може да се усогласи законот за Охрид со ДУП и граѓаните да не ги доведуваме во непријатна ситуација да чекаат со месеци да добијат одобрение за градба.“ – истакна Паскали-Бунташеска, потенцирајќи дека плановите кои биле донесени во изминатите години не се законски и ќе мора да претрпат измени.

OhridNews