По повод Меѓународниот ден на жената,8-ми Март, денеска градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, го посети Одделението за геријатрија при ЈЗУ Општа болница.
Како што тој потенцира, целта на посетата е да се обрне внимание на најстарите припаднички на понежниот пол, токму на овој ден.
„Со оглед на тоа што овој ден падна во сабота, ќе пробаме да им го честитаме на сите оние служби кои будно работат и во текот на викендот. Имаме намера да го посетиме и Гинеколошкото одделение при Општата болница и секаде онаму каде можеме да пружиме внимание на секоја жена.“ – изјави Бакрачески.
Тој на сите припаднички од понежниот пол им го честита денешниот празник, надевајќи се дека еден ден нема да постојат половите предрасуди.
„Од ова место им посакувам на сите жени од Охрид и Република Македонија многу среќа, многу здравје, помалку грижи и се надевам дека еден ден Македонија и Охрид ќе бидат места каде нема да постојат ниту социјални, ниту полови предрасуди, односно дека местото на жената во овој град и општество ќе биде подеднакво и еднаш за секојпат ќе престанат половите предрасуди.“ – потенцира Бакрачески.
Празникот на припадничките на понежниот пол им го честитаа и директорот на Општа болница Љубен Арнаудов, како и началникот на Интерното оделение во Општа Болница, Сашо Василески .
OhridNews