Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска, синоќа, остварија средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и поранешниот претседател на Република Чешка, Вацлав Клаус.

На средбата беше изразено задоволството од билатералните односи меѓу двете земји, двете страни изразија надеж дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина во сите сфери на општественото живеење.

OhridNews
фото: Александар Ковачески