Несомненео дека ова е најубавиот и најсовремено опремениот објект во здравствениот систем на Р. Македонија и најголема капитална инвестиција во здравството во последните неколку децении заедно со клиниката за гинекологија во Скопје.“ – изјави кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, на денешната прес-конференција по повод завршувањето на изградбата на новото болничко крило во општата болница во Охрид.

Она што ние постојано го разговараме со менаџментот на болницата, во координација со министерството за здравство, е нашата постојана грижа да оваа болница добие соодветен стручен кадар. Набрзо во оваа болница ќе пристигнат кадри кои ќе бидат  ангажирани во редовно работно време и ќе едуцираат кадар во делот на гинекологија, посебно во лапараскопска онкологија, лапарскопска хирургија и секако во усвојување на нови техники и методи во делот на урологијата. Секако дека во тој сегмент и понатака ќе инвестираме  да оваа болница заедно со уште двата болнички комплекси кои што ги  имаме во Охрид, Заводот за кардиоваскуларни заболувања и Специјалната болница за ортопедија и траумоталогија, да го заслужиме епитетот за втор најразвиен регион на здравствената мапа на РМ.“ – истакна Бакрачески.

Во посета на новото болничко крило при охридската општа болница беше  и Министерот за здравство, Никола Тодоров. Тој истакна дека денеска се одбележува завршувањето на една од најкапиталните инвестиции во Охрид и регионот, во областа на здравството.

Она што за нас е заначјно е дека од градежен аспект болницата се заврши за 9 месеци. И ова е прв здравствен објект почнат и завршен од една Влада во независна Македонија. Она што останува да се доврши во објектот е да се постави мебелот кој е веќе нарачан. Договорите се оддамна склучени, еден дел е веќе пристигнат, а еден пристигнува во наредните денови. Тоа се болничките кревети,  а еден дел останува да биде доставен за 10-тина дена, меѓу кои што се операционите столови.“ – истакна министерот Тодоров.

Тој додаде дека станува збор за здравствен објект изграден по сите најнови стандарди во делот на медицината, кои ќе овозможат подигнување на квалитетот на здравството во Охрид и поширокиот регион.

Имајќи предвид дека ова ќе биде најсовремена болница во Македонија, користени се сите најсовремени стандарди во градбата и најсовремените знаења во поглед на организирањето и функционирањето на една болница. Ќе имаме сериозна заштеда на финансиски средства, имајќи предвид дека објектот е енергетски ефикасен, но исто така организиран од аспект на заштита од интрахоспитални инфекции кои се еден од најголемите проблеми во секој здрав систем. Во наредниот период, очекувам сите граѓани на Охрид и целиот овој регион, да почнат да ги користат бенефитите кои ќе ги даде оваа капитална инвестиција.“ – додаде Тодоров.

Ресорниот министер посочи дека Владата сериозно е фокусирана на кадрите во здравството, а посебен акцент се става на специјализацијата на докторите.

Она што го затекнавме беше ситуација на целосно дисинветстирање во човечкиот потенцијал. Прво не се водеше сметка дека во земјава просечната старост на докоторот е над 50 години. Второ не се водело сметка дека за да се креира еден  доктор-специјалист, потребен е долг период. Така да сите овие аспекти биле целосно занемарени.  Знаете дека долго време во Македонија беше проблем бројот на специјализиции. На еден начин преку малиот број на специјализации се криеше монопол на знаења во определни сегменти. Тоа со носењето на новиот Закон за здравствена заштита, целосно го решивме и сега распишавме  нов оглас за специјализација на 400 доктори, а планираме во септември да имаме уште ден оглас во и на тој начин,  секој оној кој сакал да добие специјализација а не бил во можност во минатото, да ја оствари таа идеа.“ – истакна Тодоров.

Инаку, изградбата на новото болничко крило е завршена и во тек е внатрешно уредување и инсталирање на потребната опрема, со што и официјално ќе се заврши модернизацијата на охридската општа болница, која ќе добие 5300 метри квадратни корисна површина, наменета за хируршкото одделение, урологија, гинекологија и уво грло и нос.

O.T.