– Токму на ова место ќе никне современо градско пристаниште со сите инфраструктурни потреби за да функционира. Ќе се догради крак кон старото пристаниште, ќе се направат заштитници за бранови. Ова пристаниште ќе биде и место какде туристите ќе се сликаат и од каде со себе ќе ги понесат спомените, рече Бакрачески.
Како што потенцира Бакрачески, за ваквиот храбар проект добиена е подршка од владата, што е резултат на неговите заложби, заложбите на кандидатите за советници и првиот човек на охридската Капетанија на пристаништа.
– Наидовме на подршка и денес можам да кажам дека најголем дел од предвдиените активности се во завршна фаза. Ова е пример како во иднина, јас како градоначалник и советниците, може, треба и мора да соработуваме со државата и државните институции во насока на реализиација на проектите од општ интерес за градот. Ова е јасен пример дека во иднина сите ние, во интерес на градот, треба да имаме јасен став дека при соработката со државните институции нема место за политичко инаетење и дека секогаш кога ве води позитивна мисла, кога имате точно утврдени цели и задачи и решителност, реализцијата на проектите и изградбата на убави дела се неизбежни, рече Бакрачески.
Тој потенцира дека подршката од владата е единствен начин за проектите да преминат во дела.