Една од стратешките цели на нашата програма ќе биде економски раст и развој на општината со поддршка на средни и мали претпријатија и креирање на голем број работни места. Во нашите разговори со министерот, укажавме на тоа дека дел од тие вработувања ќе треба да бидат лоцирани во приватните сектори. Охрид нуди такви можности и ние како локална самоуправа, како тим на советници и тим на експерти, ќе бидеме максимално посветени кон реализација на нашата програма во овој сектор, во насока на оставрување на поголем број работни места.“ – изјави новиот градоначалник на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески, на денешната средба со Министерот за странски инвестции, Бил Павлески.

Бакрачески истакна дека добиено е уверување од министерот Павлески, дека градот ќе ја има неговата помош и поддршка во привлекувањето на странски инвеститори во Охрид.

Денес добивме едно уверување од Министерот за странски инвестиции дека секогаш ќе биде достапен за нас како идна локална самоуправа, но и како локален економски совет кој ќе биде еден од приоритетите што ќе мора да го создадеме и кој ќе биде составен од членови на општинската администрација, бизнис заедницата и експертска јавност. Тоа ќе биде совет кој ќе биде во постојана комуникација со министерството за странски инвестиции и совет кој постојано ќе биде активен во таа насока, односно во реализација на нашата стратешка цел, а  тоа е економски раст и разовј на општината.“ – истакна Бакрачески.

Тој додаде дека новата локална самоуправа ќе го искористи секој ден за реализација на програмските задачи кои им се ветени на граѓаните.

Она што неколку пати до сега го напоменавме во текот на нашата кампања е дека нашата програма со која ние се претставивме пред граѓаните не е направена само за потребата на еден политички маркетинг или кампањски активности. Во таа насока ние нема да губиме време и нема да чекаме да правиме примопредавања или да ги завршиме административните формалности околу преземањето на мандатот, туку секој ден ќе го искористиме за да ги реализираме програмските задачи кои ние им ги ветивме на граѓаните. Во таа насока на моја иницијативе  беше повикан Министерот за странски инвестиции Бил Павлески, кој што по потекло е од Охрид. Тоа негово потекло ние сакаме да го искористиме како предност, и се надеваме дека голем дел од тие странски инвестиции кои стојат на листата на министерстово, ќе бидат насочени во насока на реализација на нашите програми.“ – додаде Бакрачески.

Министерот за странски инвестиции Бил Попоски, потенцира дека целта на состанокот е уште на почетокот од мандатот на новиот градоначалник, да се отпочне со директна соработка со цел економски развој на општина Охрид.

Утрово имавме состанок со новиот градоначалник и советничката група.  Разменивме идеи, за тоа кој би биле најдобри сектори што можат да се развијат, со цел да се зголеми вработеноста во Охрид. Имавме согласност дека вработувањата во иднина треба да се создадат во приватниот сектор, бидејќи тие нудат најголем потенцијал и секако сите западни економии кои го имаат развиено овој сектор, имаат и најразвиена економија. “ – потенцира Павлески.

Министерот истакна дека на денешната средба биле дискутирани секторите за развој на локалнта лесна индустрија, вклучувајќи ја и информатичката технологија.

Дискутиравме за некои потенцијали за создавање на индустриски зони како основа за привлекување на странски инвестиции, но и создавање на една домашна индустрија која ќе го поддржи самиот развој на градот Охрид. Исто така, дискутиравме за во иднина да ја зголемиме нашата соработка. Се надевам дека со помошта на градоначалникот и на советничкиот тим, многу од овие инвестиции кои доаѓаат во РМ ќе дојдат  и во градот Охрид. Следната недела имаме некои инвеститори што доаѓаат и јас лично ќе ги донесам тука во Охрид да ги видат потенцијалите за инвестирање.“ – истакна Павлески.

O.T.