– Му благодарам на градоначалникот во заминување за покажаниот навигатор, се надевам дека е искрена неговата намера да ми го поклони мене и на неколку илјади граѓани на Охрид коишто упорно и безуспешно осум години трагаат по неговите осум автобуски станици, осум скијачки центри, осум катни гаражи, осум покриени пазари и што уште не. Јас, во моето минато ниту сум се занимавал со циркузи ниту во моментов се занимавам ниту некогаш ќе се занимавам. Мојот навигатор, уредно покажува на делата и проектите што јас во изминативе години ги реализирав не само за граѓаните на Охрид, туку и за граѓаните на цела Република Македонија и соседните градови на Албанија.Сите тие проекти граѓаните имаа можност да ги лоцираат, да ги видат и да ги почуствуваат благодетите од нивната реализација, рече Бакрачески.
Тој додаде дека зад него стојат дела, а не истрошени догми.
Бакрачески му порача на Петрески дека ќе му е потребен навигатор за да може да се ориентира и да се движи по насоката која што ќе му ја одредат граѓаните на Охрид на 24 март- надвор од локалната самоуправа.