На редовнатa седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одржана вчера,  беше избран нов состав на Извршниот комитет на партијата поради истекот на двегодишниот  мандат на актуелните членови на ова партиско тело, пренесува „Курир“.

Исто така беше констатиран и истекот на мандатот на актуелниот генерален секретар  Кирил Божиновски кој по негово лично барање ја ослободи оваа партиска функција  останувајќи и понатаму на позицијата генерален секретар на Владата на РМ и член на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги нема Диме
Спасов, актуелниот министер за труд и социјална политика , пратеникот
Александаер Николовски и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески. Нови
личности во највисокото партиско тело се градоначалникот на Охрид
Никола Бакрачески, министерот за надворешни работи Никола Поповски, како
и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ во Битола Зоран Илиовски.

Членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се:

    Љупчо Трпевски,
    Благоја Деспотовски Ташко,
    Никола БакрачеСски,
    Зоран Илиовски,
    Никола Поповски,
    Кирил Божиновски,
    Мартин Протоѓер,
    Зоран Ставревски,
    Гордана Јанкуловска,
    Владимир Пешевски,
    Силвана Бонева,
    Илија Димовски,
    Антонио Милошовски,
    Никола Тодоров,
    Сашо Мијалков,
    Владимир Ѓорчев,
    Коце Трајановски,
    Зоран Горгиевски,
    Ашим Зекировски.
    Момчило Аврамовски.

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој по функција е член и на Извршниот комитет  е избран Емил Димитриев.

Во составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ членуваат по функција и претседателот на Унијата на млади сили и Претседателката на  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на оваа одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а донесена по
предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски  е континуирано
освежување и носење на нов кадровски потенцијал кој ќе овозможи  
додатна енергија за работа и напредок, информираат од владејачката партија.

OhridNews
извор:„Курир“