Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМЕ, д-р Никола Бакрачески, за OhridNews кусо ја прокоментира укажаната доверба од владејачката партија и неговите амбиции.

-Изразувам благодарност за искажаната доверба и посакувам Охрид заедно со охриѓани  да го направиме пристојно место за живеење, истакна  Д-р Бакрачески.

Д-р Никола Бакрачески на претстојните Локални избори ќе му се спротистави на актуелниот градоначалник Александар Петрески. Тој вчера ја доби поддршката од највисоките партиски структури на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews