Охриѓани се мудри луѓе, знаат што е вистина ,знаат што е посветеност , знаат што е иднина. Во тоа име  и во име на мојата љубов и почит кон своите охриѓани и кон својот град сакам да изразам огромна благодарност  за големата поддршка што ни ја дадоа вчера низ еден процес на мирни, фер коректни и достоинствени  избори. Во Охрид победи демократијата, во Охрид победи надежта , во Охрид победија охриѓани, рече во своето денешно обраќање до јавноста победникот на локалните избори, д- р Никола Бакрачески.

Додаде дека вчера Охрид извојува брилјантна победа, при што охриѓани направиле разлика помеѓу иднината и досегашното назадување на градот.

– На овие локални избори огромно мнозинство граѓани и покажаа на досегашната локална власт дека очекуваат европски стандарди во работењето, а не патетични говори и омаловажување на Охридските цивилизациски вредности. Им благодарам на сите оние кои во Никола Бакрачески, неговиот тим и во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ја препознаа политичка сила која ќе треба во наредните 4 години да ја носи одговорноста за Охрид за неговиот развој и приклучување кон современите и напредните градови. Им благодарам и на оние кои не дадоа поддршка на нас, заради некои свои определби, но убеден сум и верувам дека во иднина ќе ја препознаат нашата опција и во иднина реално ќе оценуваат кој постигнал повеќе.  Поминавме сите заедно еден период на претставување на нашата програма, која понатаму ќе биде основа на нашата работа, без притоа да го спуштиме нивото на коректна политичка комуникација, рече Бакрачески.

Бакрачески потенцира дека на вчерашните избори е извојувана сериозна политичка битка.

– Од една страна бевме ние ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија кои целата кампања ја посветивме на граѓаните , презентирајќи програма, презентирајќи проект по проект кои се интерес на Охрид , промовирајќи мерки во интерес на граѓаните и промовирајќи позитивни вредности. Од друга страна имавме политички противник полн со негативна енергија, полн со изрази на навреди и омаловажувања, со изрази на манипулации и лаги, без дела, кој ширеше само негативност и мистерии. И тука се направи разликата. Доброто и позитивното секогаш на крај победувало и ќе победува. Волјата на граѓаните е да видат позитивна енергија и позитивна мисла.Доста е од ширење малициозности и тежини, рееч Бакрачески.

На граѓаните им вети враќање на достоинството на Охрид, неговата препознатливост и надежта.

– Јас како градоначалник и мнозинството на советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ве уверуваме дека секој еден ден ќе ни биде посветен на Охрид . Нема ден да помине без да се сработаат дела во интерес на Охрид , без да се преземаат мерки во интерес на граѓаните, додаде Бакрачески.

На вчера одржаните локални избори, кандидатот од коалицијата За подобра Македонија, Никола Бакрачески ја понесе победата освојувајќи 19.870 , односно 59,50% од гласовите од вкупно регистрираните 50.686 гласачи во општина Охрид.  

OhridNews