Градоначалникот Никола Бакречески, утре, ќе биде домаќин на заедничката средба- работен ручек на кој ќе присуствуваат четириесеттина Почесни конзули на Република Македонија , кои истовремено важат за угледни бизнисмени и промотори на македонските економски интереси во своите земји.
На средбата пред конзулите ќе биде презентирана Програмата за локален економски развој на Охрид,туристичките и индустриски капацитети со кои располага општината, како и можноста за промоција на Охрид во земјите од кои доаѓаат Почесните конзули.
Во разговорите предвидено е подетално запознавање со актуелните состојби во Општината, потребата од забрзан економски развој и зголемување на финансиските и економските перформанси на Охрид.
OhridNews