Синоќа во централниот изборен штаб на Сојузот на Египќаните, претставниците на оваа етничка заедница остварија средба со кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола Бакрачески и носителот на советничката листа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Јована Точко.
Во своето обраќање, Бакрачески истакна дека ќе се залага за нивно интегрирање во системот и остварување на правата како посебна етничка заедница.
Претседателот на Сојузот на Египќаните, Петрит Хусеин и шефот на изборниот штаб, Демир Далип, со заеднички став дека се задоволни од искрениот однос на Бакрачески, повикувајќи ги припадниците на оваа етничка заедница да го поддржат на претстојните локални избори и да ја поддржат советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат од Сојузот на Египќаните, овој настан претставува целосен демант дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се стремeла за поддршка на оваа етничка заедница.
OhridNews