Воспоставувањето на блиски релации на соработка и продлабочување на економските и културните односи со Р.Турција и Р.Франција, беа главните теми во разговорите кои денес ги оствари градоначалникот Никола Бакрачески во турската и француската змбасадата во Скопје.

На разговорите со турскиот амбасадорот во земјава, Гурол Сокменсуер, беше потенциран интересот кој го пројавуваат инвеститорите од Турција за Охрид, кои изминатиот период остварија контакти со општинските служби и со Бакрачески.

Истовремено, беше искажана неопходноста од зголемување на обемот на авио-сообраќај од Турција кон Охрид и отворање на нови редовни и чартер летови до охридското воздушно пристаниште.

Како израз на настојувањата на градоначалникот Бакрачески за приближување на Охрид кон светските економски и туристички дестинации, беше побарана дирекна поддршка од амбасадата на Турција, за воспоставување редовни авио-линии од Истанбул до Охрид и обратно, кои ќе овозможат врзани летови кон други европски и светски дестинации.

Средбата францускиот амабсадор во Македонија, Лауренце Ауер, беше искористена уште еднаш да се истакне одличната соработка на културен план, кој Франција ги има со општина Охрид.

Како што истакна Бакрачески, престојниот Фестивал на францускиот филм кој од 28 до 30 јуни се оддржува во нашиот град, претставува континуитет на присутноста на француската култура во Охрид.

Исто така, од охридскиот градоначалник беше инсистирано, од идната година, церемонијата на свечено отварање на овој престижен филмски фестивал, повторно да се врати во Охрид.

Меѓудрогото, на средбата се разговараше за техничка поддршка од страна на Франција за Н.У Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, односно техничко доопремување со професионална дигитална техника за проекција на филмовите, што е еден од условите за издигнување на овој фестивал на високо европско и светско рамниште.

Натамошните чекори ќе бидат насочени кон културното претставување на Охрид  во Франција, во оние средини кои недоволно се запознати со македонските и посебно охридските културни вредности.

Инаку, Охрид има воспоставено блиски партнерски односи со градот Каен-Долна Нормандија, кој ќе биде база од каде во иднина организирано ќе се приближува Охрид и Македонија до граѓаните на Франција. 

OhridNews