Во рамки на создавање услови за привлекување домашни и странски инвеститори, денеска градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и надлежните од Секторот за ТЛЕР, остварија работна средба со претставници од германски гигант во делот на автомобилската индустрија.
Тема на разговор на состанокот беа можностите кои локалната самоуправа може да ги понуди на инвеститорите од Германија во поглед на обезбедување на инфраструктурни услови, логистичка поддршка, како и обезбедување на транспорт на работници.
„Се разговараше и за можноста германските инвеститори заради обезбедување квалификувана работна сила, да остварат соработка со Електро машинскиот училишен центар “ Св. Наум Охридски“ од Охрид.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму велат дека потенцијалните инвеститори ветиле дека во наредните денови ќе донесат конечна одлука за локацијата, каде е предвидено да започне нивното производство.
OhridNews