Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вчера свечено ја отвори Петтата меѓународна научна конференција посветена на греењето и ладењето со амонијак.

Посакувајќи им успешна работа и пријатен престој, Бакрачески пред учесниците истакна дека нивната конференција е уште еден пример дека Охрид е вистинското место за одржување на вакви настани.

Преку нив, се поддржува развојот на конгресниот туризам и на специфичен начин, Охрид се промовира во светот.“ – истакна Бакрачески.

Инаку, конференцијата ја организираат Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот за ладење од Париз, а оваа година на неа учествуваат 85 научни работници од 30 земји од светот.

OhridNews