Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески со своето присуство го збогати седмото Отворено првенство во одбојка на песок, кој се одвива на плажата „Бафало“.

– Имавме можност да присуствуваме на традиционалниот турнир во одбојка на песок, кој го организра О3 и е од меѓународен карактер. Турнирот е еден дел од нашите програмски активности, кој ќе добие целосно поддршка како и сите други спортски манифестации и кои ќе се одвиваат во Охрид. Ние на некој начин преку вакви забавни и рекреативни дружења да ги поттикни младите, охриѓани и туристите се почесто да се занимаваат со спорт – рече Бакрачески.

Првиот човек на Охрид пред новинарите ги соопшти плановите за турнирот за следната година каде треба да добие повеќе и поквалитетни учесници надвор од Балканските граници.

– Од идната година нашите планови се да организираме помасовен турнир со повеќе и поквалитетни учесници. Сакаме да доаѓаат екипи и надвор од Балканот и да стане еден од најдобрите турнири во регионот – заврши Бакрачески.

Ohridnews