
-За да можам јас и мојот тим на советници и соработници во локаланата самоуправа и во јавните претпријатија кои што произлегуваат од неа, коректно, без препреки и чесно пред народот да ја работиме својата работа која ни е дадена како одговорност од граѓаните на Охрид, сигурно дека ќе има потреба од ревидирање на сето она што било работено за да знаеме од каде почнуваме, што се наши обврски и должности. Меѓутоа секако и граѓаните заслужуваат да видат отчет на сето она што досега се работело во изминатите 8 години и тука не треба да има дилеми околу таа работа.-изјави новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески.











