Охрид сакаме да го развиваме како град на задоволни жители , град во кој граѓаните ќе користат добро развиена инфраструктура  и улици , град во кој ќе ја спречиме прекумерната урбанизација , град во кој ќе имаме решено прашање на паркинзите и цената на паркинзите, се приоритетите на чија реализација, како што рече кандидатот за градоначалник од коалицијата За подобра Македонија, д- р Никола Бакрачески, ќе се работи веднаш од првиот ден по преземањето на Локалната самоуправа во Охрид.


Како што рече Бакрачески, граѓаните паметат дека локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку одлуки со кои без логично објаснување  ја подигна цената на сметките на неколку комунални услуги за граѓаните на Охрид- цената на сметките за вода , за комунални услуги , за одведување на атмосферски води, одржување на гробни места, со цел да се спасат лошо менаџираните и нерентабилни јавни претпријатија.

– Локалната самоуправа  гласаше да се подигнат цените за вода на сметките од ЈП Проаква за 20 проценти , ги зголеми цените на услугите на Комуналец за 9 % , ги зголеми цените на услугите на Нискоградба за околу 15 % и одреди висина за тнр.гробарина прво од 1200 денари ,па потоа 720 денари годишно. Истоа така, при проценките за утврдување на висина на данокот на промет на недвижности и права,се билдаа драстично високи проценки,па граѓаните при остварен промет беа принудени да плаќаат високи даноци. Овие одлуки на мнозинството на СДСМ сериозно, а непотребно удрија по џебот на граѓаните, рече Бакрачески .

Кандидатот за градоначалник истакна дека како иден Градоначалник на Охрид со својот тим ќе има сосема поинаков пристап кон начинот на раководење со Јавните претпријатија.

– Нема да дозволиме од парите на граѓаните да се прават како досега непродуктивни трошења и тоа на сметка на граѓаните. Јавно сакам да ветам пред граѓаните на Охрид дека на една од првите седници на Советот на Општина Охрид во кој мнозинство ќе имаат советниците од ВМРО ДПМНЕ ,ќе предложиме намалување на цените на комуналните и други услуги, кои се под надлежност на локалната самоуправа. Притоа ќе го респектираме ставот кој и досега го имаше советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид дека давачката за одржување на гробни места наместо 720 денари ќе биде 200 денари годишно.Ќе ги ангажираме најкомпетентни кадри кои стручно и одговорно ќе ги изготвуваат проценките на имот и права на реална основа со што граѓаните на Охрид нема да бидат принудени да плаќаат зголемен данок на промет. сигнификантно ќе ги скратиме  астрономски високите и нејасни репрезентации,  давачките за мобилни телефони, непотребните и бесцелни патни трошоци  и ред други измислени давачки на Општината, рече Бакрачески.

Додаде дека намалувањето  на цените на комуналните услуги значително ќе доведе кон релаксирање на семејниот буџет на охриѓани. 

OhridNews