Градоначалникот Никола Бакрачески денеска обиколи неколку локации во охридскиот регион, на кои се реализираат инфраструктурни проекти, а со цел лично да се увери дали се почитува договорената динамика и квалитетот на изведбените работи.
Во таа насока, беше посетено селото Пештани каде се гради потпорен ѕид, населбата Рача, селото Велгошти каде се крпат ударните дупки од улиците и Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“, каде во тек се активностите за изградба на фудбалско игралиште со вештачка трева.
OhridNews