На покана на Филмскиот Фестивалот на Југо-источна Европа “СЕЕ а Парис”, кој под покровителство на УНЕСКО ќе се оддржи од 22 до 25 мај, во Париз престојува Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. На свечената церемонија, која е предвидена за утре, покрај обраќањето на Генералниот Директор на УНЕСКО Ирина Бокова, министерот за култура на Р.Црна Гора, Бранислав Миќуновиќ, и други високи личности, предвидено е да се обрати и градоначалникот Бакрачески, кој пред присутниот аудиториум ќе ги претстави културните и духовните вредности на градот на тема “Охрид- кандидат за Европски град на културата за 2020 година”.
Бакрачески во Париз ќе ги претстави културните потенцијали на Охрид
Покрај градоначалникот на Охрид, на свечената церемонија ќе присуствуваат и градоначалникот на Измир-Р.Турција и Градоначалникот на Велико Трново-Р. Бугарија, град кој е прогласен за Европски град на културата за 2019 година.
На маргините на настанот, најавено е дека Градоначалникот Бакрачески ќе оствари средби со високи официјални личности од културниот и политичкиот живот на Париз и Р.Франција.